Магазин
ФОТОГАЛЕРИЈА: Скопјани викендов уживаа на базенот „Аеродром“!
Жешките температури викендов беа совршен погодок за скопјани. Додека скалилото на термометарот брзаше да се искачи што повисоко, тие го пронајдоа совршениот начин да му пркосат на топлото сонце и да се освежат во последниот викенд од месец август во главниот град.
И мали и големи, вчера базен Аеродром беше исполнет со смеа, натпревари во пливање, пропратени со најпознатите летни музички хитови.
– „Упорноста може да го промени поразот во неверојатен успех., рекол Мет Бионди, поранешен професионален американски пливач. Tокму тоа е денешното мото на овој настан на Базен Аеродром, каде преку мини натпревари во пливање со македонскиот пливач Мартин Стефановски и микс 4 во 1 составен од 4 различни активности со елементи на пилатес, зумба, степ аеробик и аеробик, заедно со професионалната инструкторка Стојка Спиридоновска, се промовира токму најважната вредност за која се залагаме во нашиот центар, а тоа е упорноста.








