Занимливости
Девојче на оригинален начин им се заблагодари на лекарите кои го спасија нејзиниот татко
Седумгодишната Ели Невил од Пембрук-Док, Велс, веднаш откако во 2005 лекарите од болницата Витибуш Џенерал го излекувале нејзиниот татко, си презела обврска да им се оддолжи.
Лин Невил (54), се лекувал од редок вид рак на крвта, и на крајот бил излекуван. Девојчето потоа имала првична цел да собере околу 500 фунти за болницата, па за таа цел таа го ставила на аукција знамето, коешто самата претходно го изработила и победила на натпревар во нејзиното училиште.
Сепак, конечната цена на знамето на наддавањето достигнала 100.000 фунти.




