Магазин
Доналд Трамп ќе присуствува на Супер Боул
Доналд Трамп ќе присуствува на Супер Боул во недела, со што ќе стане првиот актуелен американски претседател кој присуствувал на финалето на плејофот на НФЛ како гледач, потврди Белата куќа.
Американскиот лидер во недела ќе присуствува на финалето на плејофот на професионалната американска фудбалска лига во Њу Орлеанс меѓу Канзас Сити Чифс и Филаделфија Иглс, изјави претставник на Белата куќа, потврдувајќи ги информациите од американските медиуми.
Доналд Трамп ќе биде првиот актуелен претседател кој ќе присуствува на најголемиот годишен спортски настан во Соединетите држави, кој се одржува секоја година на крајот од НФЛ сезоната. Медиумите потсетуваат дека Трамп често имал тежок однос со НФЛ.





