Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Сите трејлери за филмови објавени за време на Супер Боул

Магазин

Сите трејлери за филмови објавени за време на Супер Боул

За време на Супер Боул, премиерно беа прикажани трејлери за претстојните филмови во 2025 година. Некои од нив со нетрпение ги очекуваат фановите, како што се „Mission: Impossible – The Final Reckoning“, продолжението „M3gan 2.0“, новиот блокбастер на Марвел „Thunderbolts*“ како и „F1“ со Бред Пит.

F1 (27  јуни, 2025)

Сони Хејс (Бред Пит), возач на Формула 1 кој се тркаше во 1990-тите, има страшна несреќа, принудувајќи го да се повлече од Формула 1. Рубен (Хавиер Бардем) го контактира Хејс и го замолува да излезе од пензија и да биде ментор на новиот чудо Џошуа Ноа Ајдрис за тимот Apex Grand Prix .

Маркетинг

How to Train Your Dragon (13 јуни, 2025)

Филмот е адаптација на анимираниот истоимен филм. Се фокусира на Hiccup, млад Викинг (Мејсон Темза) кој скротува змеј и се спријателува со него. Џерард Батлер ја повторува својата улога како таткото на Hiccup, откако претходно го позајми својот глас на истиот лик во анимираната верзија.

Smurfs (18 јули, 2025)

Кога Папа Штрумф (Џон Гудман) е мистериозно земен од злите волшебници, Разамел и Гаргамел, Штрумфета (Ријана) ги води Штрумфовите на мисија во реалниот свет за да го спасат. Со помош на нови пријатели, Штрумфовите мора да откријат што ја дефинира нивната судбина да го спасат универзумот.

Jurassic World Rebirth (2 јули, 2025)

Филмот е сместен пет години по настаните на Jurassic World Dominion (2022). Главните улоги во филмот ги толкуваат Скарлет Јохансон, Махершала Али и Џонатан Бејли, додека новиот трејлер дава поглед на некои од диносаурусите со кои се борат.

Lilo & Stitch (23 мај, 2025)

Во оваа нова верзија глуми детската актерка Маја Кеалоха како Лило, млада хавајска девојка која се запознава и спријателува со ексцентричен вонземјанин, чуј глас го позајмува Крис Сандерс.

M3gan 2.0 (27 јуни, 2025)

Доаѓа продолжението на M3gan, хорор филм за робот убиец кој изгледа како дете. Филмот беше голем хит кај публиката, додека во продолжението сценариото се менува и M3gan се соочува со позлобниот робот по име Амелија.

Mission: Impossible – The Final Reckoning (23 мај, 2025)

Акциската франшиза со Том Круз во главната улога се врати во голем стил, а видеото од 30 секунди обезбедува адреналински поглед во осмиот дел од серијалот. Во трејлерот гледаме спектакуларни акробации во кои Круз, поточно неговиот иконски лик Итан Хант, изведува луди акциони сцени на копно, во вода, па дури и во воздух.

Thunderbolts* (2 мај, 2025)

Група антихерои се принудени да се здружат на опасна мисија. Директорката на ЦИА, Валентина Алегра де Фонтен, ќе ја намами групата во смртоносна замка, а дисфункционалната група мора да се соочи со своето минато ако сака да опстане како група.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.