Магазин
Дубровник сака да го преполови бројот на туристи од крузери за да го „спаси“ градот
Градоначалникот на Дубровник Мато Франковиќ побарал да се преполови бројот на патници-туристи кои дневно пристигнуваат во овој хрватски град, со големите бродови-крузери кои пловат по Медитеранот.
Франковиќ смета дека на овој познат средновековен град на југот од Јадранот, му се заканува да биде „задушен“ од преголемиот број туристи и гостите кои на еден ден доаѓаат во Дубровник, па најавува дека сегашниот дневен просек од осум илјади туристи од крузери, би требало да се намали на четири илјади.
Градоначалникот се залага и за ограничување на тур-операторите кои организираат еднодневни посети до градот кој е заштитен од УНЕСКО уште од 1979 година.




