Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Дваесет факти за човечкото тело кои не сте ги знаеле

Занимливости

Дваесет факти за човечкото тело кои не сте ги знаеле

Нашето тело од секогаш претставувало еволутивно чудо на природата и секогаш знае да ги изненади научниците со некој нов интерес податок.

Прочитајте 20 факти за човечкото тело кои можеби не сте ги знаеле.

1. Вашата уста може да излачи цело шише плунка во текот на денот. Количината зависи воглавно од храната што ја јадете, па тоа може да варира – од половина литар до литар ипол.

2. …Тоа значи дека за цел свој живот лачиме доволно плунка за да се наполнат два големи базена.

3. Вашите црева би биле доволни да се искачите до третиот кат од некоја зграда… По потреба, секако.

4. Вкупната должина на вените и артериите во Вашиот огранизам е еднаква на 2,5 пречници на планетата Земја.

5. А пак, ако ја „оптегнеме“ нашата ДНК, таа би била долга колку патот од Земјата до Плутон, и назад.

6. Нашето тело е составено од седум окталиони (7.000.000.000.000.000.000.000.000.000) атоми.

7. Во устата во секое време имате повеќе бактерии отколку што има луѓе на планетата.

8. Вкупната маса на бактериите во Вашето тело изнесува околу 1,5 килограми.

9. Бебињата имаат 100 коски повеќе од возрасните. Со тек на времето, некои од нив сраснуваат.

10. Ако втриете лук во стапалата, половина час подоцна ќе го почувствувате нивниот вкус во устата.

11. За 12 часа, колку што сме будни, очите ги држиме затворени око 1,2 часа, поради трепкањето.

12. Доколку Вашите очи беа камера, би имале резолуција од 576 мегапиксели.

13. А, мозокот пак, има „меморија“ од 2,5 милиони гигабајти.

14. Вашето стапало е долго исто колку и вашата подлактица.

15. Ноктите на рацете растат побрзо од ноктите на нозете. Најбрзо расте оној на големиот ножен прст.

16. Секој час од нас отпаѓаат околу 300.000 кожни клетки. И скоро сета прашина во нашиот дом, е всушност – нашата стара кожа.

17. На клетките во крвта им требаат речиси 60 секунди да направат круг околу целото тело.

18. Благодарение на гравитацијата, наутро сме два сантиметри повисоки отколку навечер.

19. Ушите и носот никогаш не престануваат да растат. Додека пак, очите од самото раѓање, па се до смртта, ја имаат истата големина.

20. Во Вашето тело има железо, доволно за да се направи еден голем клинец.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.