Занимливости
Дваесет илјади пчели „свратија“ на хот-дог во центарот на Њујорк
Њујоршката полиција мораше да блокира дел од центарот на градот, откако доби дојава дека чадор за сонце над еден штанд за продажба на ход-дог е преплавен со голем рој од пчели.
Како што oбјавија американските медиуми, околу 20.000 пчели одеднаш слетале на штандот, а невообичаената гледка го привлече вниманието на бројните минувачи и туристи на Тајмс сквер.
Откако полицијата блокираше дел од околниот простор, еден полицаец облечен во специјално заштитно одело со помош на поседен уред за еден час ги залови сите пчели.




