Занимливости
Емилија Розман – македонска претставничка за Мис на светот 2015 во Саниа
Емилија Розман, 23-годишна студентка од Скопје, ќе ја претставува Македонија на изборот за Мис на светот што од 21 ноември до 19 декември ќе се одржи во Саниа, на кинескиот остров Хајнан.
Розман за учество на престижната манифестација ја делегира Агенцијата Мисс М, како овластен организатор на изборот на Мис на Македонија за Мис на светот.
Според Агенцијата, со своите квалитети како апсолвент на Дефектологија, а воедно студент и на катедрата за шпански јазик и литература при Филолошкиот факултет во Скопје, модел, крводарител и активист на Црвениот крст, таа вистински претставува голема надеж за висок пласман меѓу 130-те кандидатки кои ќе се натпреваруваат во новоизградениот хотелски комплекс „Beauty Crown Grand Tree“ со 7+ ѕвездички.


![mkd-82677[1]](http://www.popularno.mk/wp-content/uploads/2015/10/mkd-826771.jpg)


