Занимливости
ЕУФОРИЈАТА ПОЧНА: Трка на Дедо Мразовци низ улиците на Мадрид
Во Мадрид се одржа традиционалната хуманитарна трка на Дедо Мразовци во која учествуваа над 10.000 лица.
Трката почна и заврши на стадионот „Сантијаго Бернабе“, а тркачите по улиците на Мадрид претрчаа делница долга 5,5 километри .
Мотивот на трката секоја година е различен, а оваа година приходот ќе биде наменет за Фондот за борба против мултиплекс склероза.




