Магазин
Фолегандрос – едно од најубавите неоткриени грчки островчиња
Фолегандрос е мал остров во грчкиот архипелаг Киклади, со само 32 километри квадратни површина и само 650 жители. Меѓу туристите е познато како едно од најубавите неоткриени грчки островчиња, а може да се комбинира со обиколка на Миконос, Санторини, Крит и Родос.
Само по себе, островчето нема што многу да понуди на туристите со префинет вкус, во смисла на забави и ноќен живот. Но, тоа не значи и недостиг од добри ресторани, кафулиња или удобно сместување. Центар на островот е гратчето Хора коешто се наоѓа на рид, а е опкружен со стрмнини и мирис на темјан и оригано.
Фолегандрос е романтично место со силен средновековен карактер, со многу цркви и тврдини изградени како заштита од пирати.




