Магазин
ФОТО: Димитар, Сара и Мартин ја претставија тајната до доброто здравје
Викендот којшто измина го одбележа најголемиот интерактивен настан за здрав животен стил во Македонија, Health, Fitness & Wellness Expo, кој беше наменет да ги промовира здравите навики и повисокиот квалитет на живот и траеше од 25 до 27 септември во просториите на Александар Палас.
Вчера љубители на спортот и здравиот начин на живот имаа можност да ја почувствуваат вистинската енергија и да се вклучат во Спининг часот кој беше организиран од најмодерниот фитнес и спа–центар, Synergy Fitness & Spa.





