Ви препорачуваме
ВИДЕО: Вечерва на небото ќе се затемни „крвавата“ Месечина – феноменот ќе се гледа и од Македонија
Американската агенција NASA објави видео материјал, во кој детално го појаснува феноменот на „крвавата“ Месечина.
Ноќта од неделата кон понеделникот и од Македонија ќе може да се види необичното затемнување на Месечината, коешто ќе се совпадне со појавата Супермесечина.
Месечината ќе се наоѓа најблиску до Земјата од својата орбита. Поради тоа овој сателит на Земјата ќе се појави со пречник за 14 отсто поголем од вообичаеното, поради што оваа појава се нарекува Супермесечина.




