Занимливости
ФОТО: Интернационалниот ден на јога одбележан и во Македонија
Овој викенд, голем број граѓани храбро решија да му пркосат на променливото време и да пробаат да се одморат и релаксираат во зелената и пријатна атмосфера во Градскиот Парк во Скопје.
Присутните се приклучија на час по јога на отворено, кој се одржа во срцето на градот, во Градски Парк (кај Школка).
По повод Интернационалниот Ден на Јога, настан на глобално ниво кој се одбележува низ целиот свет, здружението Уметност на Живеење заедно со Министерството за Здравство на Р. Македонија, Синерџи Фитнес и Спа, Шпаркасе Банка, Јана Вода, Биокосмос и Индиската Амбасада од Бугарија, на граѓаните им понудија релаксација со јога на отворено токму во срцето на градот, а на Македонија шанса да биде дел од овој интернационален настан покрај голем број земји од целиот свет.




