Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТОГАЛЕРИЈА: Разиграјте го летото со костимите за капење на Golden point

Ви препорачуваме

ФОТОГАЛЕРИЈА: Разиграјте го летото со костимите за капење на Golden point

Колекцијата на костими за капење од Golden point се одликува со акварелни бои и светкави монистри со кои се добива гламурозен изглед.

Од разновидните модели, можеме да ги издвоиме оние со градник-појас кои се достапни во различни бои и шари, со подметки или без и со отстранливи врвки, комбинирани со бикини со низок струк со фронтална апликација од монистри на двата дела.

Уникатни се и костимите со цветни мотиви и плетена тантела, како и оние со текстура со мини рози на горниот дел и костимите со пулејка. Многу од нив се одликуваат и со декоративни детали на врвките.

Еднобојните костими со „V“ деколте со ситни нитни или пак со детали на монистра и со висок отвор на задниот дел, се достапни со или без корпи и прерамки на подесување.

„Push up“ градниците со цветна плетка се совршени за оние посмелите кои сакаат вниманието постојано да биде насочено кон нив. Трикини костимите на едно рамо со цветови и тантела на рабовите се одлични доколку сакате да се издвоите и да бидете оригинални.

This slideshow requires JavaScript.

За да го нагласите својот исончан тен, совршено ќе ви прилегаат дводелните и едноделните костими за капење во силни бои како корална, виолетова, розова, сина нијанса со бронзени или златни рабови.

За оние кои сакаат да го „камуфлираат“ својот изглед, одличен избор се костимите во земјени бои, со принт од змиска кожа и со војнички мотиви.

Разновидните додатоци за плажа – мрежестите блузи, кошула-марама и фустани со тропски мотиви, туниките од плетка и со реси, можете да ги комбинирате со костимите за капење и да го добиете посакуваниот изглед.

Освен женската колекција на костими за капење, Golden point нуди интересни машки модели со тропски мотиви, шарени дезени, светли пастелни бои и темно сини нијанси.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.