Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Вечера од соништата на „камениот ресторан“ во Занзибар

Магазин

Вечера од соништата на „камениот ресторан“ во Занзибар

Ресторан што зависи од плимата и осеката е место кое треба да се посети од страна на сите оние кои се подготвуваат на оваа далечна дестинација.

Сместен е на осум метри висока крпа и од сите страни опкружен со Индискиот океан кој за време на плимата се искачува дури пет метри, ресторанот Рок кој беше отворен пред три години нуди одлична хрна, но и уникатно искуство и фантастичен поглед на океанот.

За време на висока плима до ресторанот невозможно е да се дојде пеш, затоа што лоциран е на осамена карпа во океанот. Единствено може да се дојде со пливање или ако е осека со пешачење. Со оглед на тоа дека гостите се задржуваат најчесто до доцните вечерни часови, кога повторно почнува плима, вработените ги пренесува со брод до брегот.

2899379-the-rock-zanzibar

Ресторанот, потсетува на мешавина на колиба и бунгалови, изграден од локални материјали, најмногу дрва, а има и преубава тераса со вкупно 45 места.

Сопственик кој доби идеа за отворање на овој уникатен објект е локален рибар, кој на гостите секој ден им подготвува храна фатени неколку метри од кујната. Риби, октопод, разни школки, ракови се секојдно на мени и со нив може да се комбинира голем избор на вина за комплетно уживање.

The-Rock-Restaurant-Zanzibar-Tanzania-Michamvi-Beach-Africa-Untapped-Cities-19[1]

Во секој случај, ако патот ве однесе некаде во Занзибар, немојте да ја пропуштите можноста да го посетите ресторанот Рок.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.