Занимливости
ФОТО: Ова е најнаелектризираното место во светот
Ако верувате дека гром никогаш не удира два пати на исто место, тогаш сигурно не сте биле во близина на езерото Маракаибо во Венецуела.
До илјада пати во еден час светнуваат молњи над езерото Маракаибо. Таквиот феномен носи разни имиња, како што е Светилникот Маракаибо, Катаумбо молљи или „вечната бура“.
На местото каде реката Кататумбо се сретнува со езерото Маракаибо во просек има 260 бурни денови во годината, додека годишно на квадратен километар удираат до 250 молњи.




