Магазин
ФОТО: „Солар Импулс 2“ пристигна во Индија
Швајцарскиот авион на соларен погон „Солар Импулс 2“ синоќа пристигна во Индија, завршувајќи ја втората етапа од неговиот лет околу светот со помош на мотори на сончева енергија.
Авионот вчера во раните утрински часови полета од аеродормот во оманскиот главен град Маскат и по 16 часа лет и изминати 1.465 километри, слета во индискиот град Ахмедабад.
На првата етапа од летот во понеделникот, „Солар Импулс 2“ за нешто повеќе од 12 часа прелета 400 килоемтри од Абу Даби до Маскат.




