Магазин
ФОТОГАЛЕРИЈА: „Моден викенд“ ден два помина во знакот на младите домашни дизајнери
Вториот ден од единаесеттото издание на Моден викенд Скопје кое продолжи вчеравечер во катната гаража „Солунски конгрес“ помина во знакот на младите домашни дизајнери и дизајнери од Србија и Косово.
Модното случување започна со групната ревија на студентите од Факултетот за Арт и Дизајн при ЕУРМ : Даниела Савиќ, Андријана Јованова, Бранкица Тодорова, Саранда Садики, Едора Сулејмани, Есма Казим, Веранда Халили, Радмила Ѓеоргиева, Ана Камчева, Анастасија Чадо, Ивана Костадиноска, Марија Настеска и Ивана Николова. Професорите од ЕУРМ го презентираа проектот „Артерија-Антерија“ составен од изложби, инсталации и перформанс на проф. Јана Манева-Чупоска во кој беа вклучени пејачката Ребека, тв водителките Ирена Спировска и Снежана Богдановска- Јаначковска , кастинг директорката на Моден викенд Скопје Ирина Илиевска и манекенките од модната агенција „Подиум“.
Дизајнерите Алмир Мили со својата мини колекција наречена „Титуба“ и Ивана Цветковска со колекцијата „Street style“ и дадоа поддршка на кампањата „Стоп за насилството врз жените и девојчињата- сега!“ кон која се приклучи и Моден викенд Скопје.












