Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Вечерва на небото ќе се појави „крвава Месечина“

Занимливости

Вечерва на небото ќе се појави „крвава Месечина“

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека денеска ќе се случи целосно затемнување на Месечината.

Овој феномен се случува кога Сонцето, Земјата и Месечината се во иста рамнина. Тогаш Месечината добива црвенкаст сјај бидејќи влегува во земјината сенка, поради што често се нарекува „крвава Месечина“.

За разлика од затемнувањето на Сонцето што се случи на 20 март, затемнувањето на Месечината ќе биде видливо на целата планета, особено во деловите каде ќе биде ноќ. Затемнивањето треба да почне во 12:15 и ќе трае до 15:45, а ќе биде видливо во Северна Америка, Азија, Австралија и Нов Зеланд. Затемнувањето ќе трае четири минути и 43 секунди.

Следното затемнување на Месечината ќе биде на 28 септември 2015 година.

Затемнувањето на Месечината како спектакуларна астрономска појава во минатото често се сметала како лош знак, што најавува некаков неуспех.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.