Магазин
ФОТОГАЛЕРИЈА: Ревијата на Росица Мршиќ го отвори ревијалниот дел на „Моден викенд Скопје“
Ревијалниот дел на единаесеттиот пролетен Моден викенд го отвори ревијата на Росица Мршиќ вчеравечер во катната гаража „Солунски конгрес“.
Креаторката Мршиќ која е препознатливата по експериментите со кроевите овојпат ја презентираше колекцијата за актуелната сезона пролет/лето 2015 година.
„Колекцијата е дефинирана од три термини: асиметрија, контраст и униформа, реализирани со меѓусебната спротивност на употребените бои: млечно бела, црна, сончево жолта и длабока црвена. Идејата за изгледот на силуетата е да се претстави лесна, современа и женствено комфорна нота. Природните материјали во комбинација со структурата на ткаенините го надополнуваат целосниот изглед и додаваат лежерна линија“, вели Росица Мршиќ.











