Занимливости
Фотографија на австралискиот премиер предизвикува контроверзии
Австралискиот премиер Малком Трнбол вчера објави фотографија на која во едната рака држи пиво, а во другата – внука му, и со тоа предизвика мешани чувства и реакции на Фејсбук.
– Срамота е да држиш дете и алкохол, напиша една гледачка под објавата на фотографијата од трибините на фудбалски натпревар, која Трнбол ја нарече „Мултитаскинг на мечот”.
– Да ги учиш децата да пијат пиво на натпревар од најрана возраст. Страотен родител, нема збор, гласи друг коментар.




