Илон Маск е личност на годината според магазинот „Time“
Илон Маск е прогласен за личност на годината за 2021 година според Time.
Маск e основач и главен извршен директор на компанијата за истражување на вселената SpaceX, и компанијата за електронски автомобили Тесла.
Маск неодамна го надмина основачот на Amazon, Џеф Безос, како најбогат човек во светот, бидејќи растечката цена на акциите на Tesla го зголеми неговото нето богатство на околу 300 милијарди долари.




