Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Фотографијата на покојната кралица со своите внуци направена од Кејт е „дигитално подобрена“, потврдува агенцијата Getty

Магазин

Фотографијата на покојната кралица со своите внуци направена од Кејт е „дигитално подобрена“, потврдува агенцијата Getty

Фотографија на покојната кралица Елизабета Втора со своите внуци и правнуци исто така е уредувана, откри агенцијата „Getty Images“.

Портретот направен во Балморал во август 2022 година ја прикажува покојната кралица како позира со најмладите членови на нејзиното семејство, а е дело на Кејт Мидлтон само неколку недели пред смртта на Елизабета. Беше објавен од Бакингемската палата на 21 април минатата година по повод 97-от роденден на кралицата.

По објавената фотографија по повод британскиот ден на мајката, позната фотографска агенција почнала да ги истражува претходните фотографии направени од Кејт Мидлтон и открила сомнителни детали и на оваа, за што на својата платформа ставиле белешка со фотографијата. Забележале лоша обработка во пределот на зелениот кауч, но и на лицата на принцовите Џорџ и Луис.

„Getty Images ја прегледа предметната слика и и на неа постави белешка од уредникот, во која се наведува дека сликата е дигитално уредена“, соопшти агенцијата.

Сомнежите за портретот првпат ги покрена минатата година Кристофер Бузи, кој рече дека верува дека станува збор за монтирана фотографија.

Да потсетиме, на социјалните мрежи се појавија илјадници теории на заговор за исчезнувањето на принцезата Кејт, која не се појавува во јавноста од Божиќ, а се кулминираше откако кралското семејство ја објави нејзината лошо монтирана фотографија, за која подоцна одговорноста ја презеде самата принцеза.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.