Занимливости
Газирани пијалоци никогаш не треба да се конзумираат во мали голтки
Засладени пијалоци како што се лимонадата и енергетските и газираните напитоци ги оштетуваат забите, особено ако се конзумираат во мали голтки подолго време.
– Ако можете испијете ја целата содржина од чашата наеднаш, советува Дирк Кроп од групата „ПроДент“, која води кампања чија цел е унапредување на орална хигиена.
– Засладените напитоци предизвикуваат повеќе штета на забите кога на нив се задржуваат подолго време. Поради тоа би можело да биде корисно по малите голтки испиени лимонада, енергетски пијалок или сличен напиток, да се напиете малку вода, вели Кроп.




