Магазин
ОВАА НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ: Гости за ноќевање во замокот на Дракула првпат по 1948 година
Во замокот на Дракула во Романија во овогодишната Ноќ на вештерките, на заинтересирани посетители, првпат по 1948 година, ќе им биде овозможено да ноќеваат во оваа трансилванска тврдина.
Во замокот „Бран“ две лица ќе ноќеваат во ноќта меѓу 31 октомври и 1 ноември, благодарејќи на промотивната понуда на американскиот сајт Аирбнд, кој се занимава со резервации на туристички патувања.
Од учесниците на конкурсот се бараше „да го искористат нивниот вампирски дух“ и да замислат што би му рекле на грофот Дракула кога би го сретнале.




