Магазин
Грчките острови „окупирани” од Холивуд
Голем број светските ѕвезди и ова лето ја избраа Грција како дестинација за својот одмор, пишува весникот „Етнос”.
Како секоја година, така и оваа, најпосакуван е грчки „космополитски” остров Миконос.
На почетокот на оваа седмица, на „островот на ветровите“ со приватен авион пристигна „оскаровецот“ Леонардо ди Каприо, кој со четворица пријатели ќе помине неколку безгрижни денови среде синото Егејско Море. На тој остров намина и фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, по својот престој на Наксос.




