Занимливости
Ова е најстрмната улица во светот
Улицата Болдвин во Данидин во Нов Зеланд е најстрмната станбена улица во светот, според Гинисовата книга на рекорди.
Таа е долга повеќе од 350 метри, а на својот највисок дел (долг 70 метри) има наклон од 19 степени. Тоа значи дека на секои 2,86 метри должина се издига за еден метар.
Долниот дел е направен од асфалт, додека во горниот на асфалт е додаден бетон.




