Занимливости
Гркинка на 67-годишна возраст и роди бебе на својата ќерка
Гркинка роди здраво девојче на 67-годишна возраст, но детето и припаѓа на нејзината ќерка, објави грчкиот весник „Етнос”.
Девојчето е родено со „царски рез“ во 31-та седмица од бременоста, тежи нешто повеќе од еден килограм и моментно е во инкубатор. Лекарите соопштија дека и новороденчето и жената се добро.
Ќерката и зетот на родилката во минатото имале неколку неуспешни обиди за вештачко забременување и по консултација со лекари специјалисти, се решиле за сурогат мајка. Старицата прифатила и ембриотрансферот е направен во мај годинава по одлука на суд.




