Занимливости
Патник симнат од авион затоа што ја „навредувал“ ќерката на Трамп
Патник бил насила симнат од авион на американската авиокомпанија „Џет Блу“ со кој требало да патува, затоа што „ја навредувал“ ќерката на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, јави Си-Ен-Ен.
Инцидентот се случил на њујоршкиот аеродром „Џон Кенеди“ додека патниците влегувале во авионот, а леталото се подготвувало да полета на својот редовен лет до Сан Франциско.
Компанијата потврди дека членовите на екипажот на авионот биле „приморани на една ваква мерка“, но не даде никакви детали за тоа што навистина се случило.




