Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Што се крие зад ѕвездата?

Магазин

Што се крие зад ѕвездата?

Во новата кампања на Heineken во Македонија – „Зад ѕвездата има многу повеќе”, се повикуваат консументите на Heineken да ги откријат автентичните приказни на пивото што се основата на овој бренд.

Главната ѕвезда на кампањата, покрај Heineken, е и холивудскиот глумец Бенисио дел Торо, но и глобалниот пивски мајстор на Heineken, Вилем ван Васберге. Преку неколку интересни приказни овие два лика на доста креативен начин ја прераскажуваат историјата и вредностите на кои се засновува Heineken.

Кампањата досега е лансирана на 40 различни пазари во светот, а фокусот е ставен на богатиот вкус на Heineken, кој 142 години е непроменет. Рецептот за Heineken е ист уште од 1873, со првото направено пиво во тогаш малата пиварница во Амстердам.

Денес Heineken го има во 192 земји од светот, а вкусот насекаде е подеднакво ист. Без разлика во која земја или град се наоѓате, може да уживате во оригиналниот вкус на Heineken.

Така што ако се прашувавте што имаат заедничко Скопје, Амстердам, Лондон, Париз, Њујорк, Сантијаго, Рио, Пекинг, Кејптаун…, сега знаете, тоа е оригиналниот вкус на Heineken.

Но ова не е сѐ, зад ѕвездата на Heineken се кријат уште голем број автентични приказни, а Бенисио и Вилем ве чекаат да ви ги раскажат. Следете ги на официјалната фејсбук-страница на Heineken на www.facebook.com/heineken

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.