Магазин
ХИТ ВО СВЕТОТ: Велшанец прозведе лута пиперка која „убива“
Велшкиот фармер Мајк Смит тврди дека прозвел пиперка, која е толку многу лута што може да убие човек, па новата сорта соодветно ха нарекол „Змеев здив“.
– „Змеевиот здив“ има 2,5 милиони единици на скалилата на лутина. Тоа е доволно кај некои луѓе да предизвика анафилактичен шок и смрт, изјави Смит за „Дејли Пост“.
Се наведува дека Смит оваа пиперка ја пријавил во „Гинисовата книга на рекорди“ и чека одговор за тоа дали таа и официјално ќе биде прогласена за „најлута пиперка во светот“.




