Магазин
ХОТЕЛ ОД МРАЗ ВО РОМАНИЈА: Резервиран повеќе од 60 отсто, а изградбата уште не почнала
Познатиот романски „Ајс Хотел“, кој е единствен од својот вид, веќе е 60 отсто резервиран, а неговата „изградба“ уште не ни почнала.
Хотелот од мраз, кој се наоѓа близу езерото Балеа, на планината Фагарас, секоја година се гради одново и одново, од парчиња мраз и снег. „Изградбата“ би можела да почне при крајот на ноември, кога се очекува температурата да го достигне доволно ниското ниво.







