Храна и пијалоци
ХИТ НА ТИК-ТОК: Грчки тиганици со мед – неодоливо меки и вкусни! (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)
Замисли утро исполнето со мирис на свежо пржени тиганици, прелиени со ароматичен мед и посипани со миризлив цимет… 😋 Овој традиционален грчки десерт е вистинско задоволство за љубителите на слатки и совршен појадок што ќе ти го разубави денот!
Тиганиците се крцкави однадвор, но неверојатно меки и воздушести внатре. 🤤 Без разлика дали ги правиш за брз сладок оброк, како десерт после ручек или како утрински деликатес – сигурно ќе ги обожаваш!
👉 А ако постиш или си на веган исхрана, имаме и посна верзија што е подеднакво вкусна! 🌱



