Кое млеко најмногу ви одговара според вашите навики?
Познавате ли некој што не консумира млеко? Веројатно одговорот е „не“. Храната ја делиме на четири главни групи, а токму групата „млеко и производи од млеко“ се наоѓа на врвот од нутритивната пирамида, па така, млекото претставува неизоставен дел од здравата исхрана на човекот.
Сепак, на пазарот среќаваме различни видови млеко, и тоа, овде не станува збор за различни брендови, туку за различни видови млечна маст, па сигурно сте се запрашале што всушност значи тоа и кое млеко е најсоодветно за вас или за вашето семејство?
Во секој случај, без оглед на тоа каков стил негувате, кои се вашите навики во исхраната, но и општо, кои се вашите преференции и вкусови, за секого има понешто, но пред да објасниме, се чини неопходно, пред сè, да ја профилираме публиката. Сигурно и вие ќе се пронајдете во еден од овие профили, па на тој начин и ќе ви олесниме кое млеко најмногу ви одговара. Согласно спроведената мини анкета, може да препознаеме неколку профили:




