Храна и пијалоци
Охрид ќе биде домаќин на врвни светски готвачи
„Четвртиот Меѓународен Гастрономски Натпревар – „ГастроМак 2019“ годинава за домаќин го има градот Охрид, а мотото што ќе ги екипира сите љубители на гастрономија од 10 до 14 октомври е „Don’t Worry, Be Ohrid!” (“Не се грижи, биди Охрид!”) – на денешната средба со новинари соопштија од Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија – „ГастроМак“, најавувајќи го високорангираниот интернационален натпревар на светските готвачи.
„На ГастроМак 2019 е најавено присуство на над 300 учесници – натпреварувачи од 30 земји- Дагестан, Азербејџан, Русија, Кореја, Италија, Франција, Украина, Турција, Албанија, Србија, Хрватска…, па дури и од Сибир, потоа – над 90 лиценцирани WACS судии, гастрономски амбасадори и почесни гости од сите краишта на планетата- изјави Претседателката на „ГастроМак“, Адријана Алачки.
Почнувајќи од 10 октомври, кога со големо дефиле на учесниците, судиите, мастер предавачите…, официјално ќе се отвори „Гастромак 2019“, па се до гаснењето на рефлекторите – на 14 октомври, ќе има што да се види и вкуси, бидејќи организаторот подготвил интересни и едукативни содржини, натпревари и програма за сите вкусови и генарации.




