
Храна и пијалоци
Млечно и вкусно – VEMILK млечните производи, одлична комбинација за секој оброк
Добро избраната храна значи живот, здравје, енергија. Навиките за исхрана на родителите, најчесто стануваат навики кои ги следат и децата. Така што, несомнено може да се каже дека здравата исхрана и начинот на живот кај децата се формира од најрана возраст.
Редовното консумирање на млечни производи е од суштинско значење, преку нив телото ги прима потребните витамини и минерали кои му овозможуваат енергија во текот на денот. Употребата на ферментирани млечни производи овозможува подобро варење на храната, зајакнување на имунолошкиот систем и го намалува хроничниот замор. Таквите производи се преполни со нутритивни вредности кои се корисни за здравјето на коските.
Светските истражувања покажуваат дека не е доволно само да се обезбедува информација за здрава исхрана, туку мора да се знае и за тоа од каде потекнува храната која се консумира. За избор на млечни производи, особено е важно потеклото на истите и нутритивните вредности кои ги имаат. Млекарата ИМВ од Битола, со својот бренд VEMILK, нуди широка палета на квалитетни и 100% безбедни млечни производи.




