Колку млекото е потребно за здрава исхрана на децата
Динамиката на растот и развојот на детскиот организам ја поставува исхраната. Здравата и балансирана храна подразбира консумирање биолошки вредни прехранбени производи кои можат да ги задоволат енергетските потреби на детето и секако, да обезбедат квалитативен и квантитативен внес на хранливи материи во организмот.
На децата им треба урамнотежена исхрана со сите видови храна – зеленчук и овошје, производи од цели зрна и протеинска храна. Односно секојдневно детето треба да внесува комбинација од неколку житарки, различни видови зеленчук и овошје, протеини, растителни и животински и млеко и млечни производи.
Млекото е еден од клучните елементи кои треба да ги содржи детскиот оброк. Секојдневното консумирање млеко и млечни производи е важно затоа што содржат лесно искористлив калциум клучен за развојот на детето, за градење на коскената маса и за зацврстување на коските, а уште и неопходните и корисни протеини.




