Храна и пијалоци
Петочки брз и лесен ручек: Свински шницли во кремаст сос
Ако сакате вкусен и брз ручек за петок, овие свински шницли во кремаст сос ќе бидат совршен избор.
Се прават за 30 минути, а вкусот е феноменален!
Состојки:
- 500 г свински шницли
- Сол и бибер по вкус
- 1 лажичка сув зачин
- 1 лажица брашно
- 2 лажици масло
- 1 лажица путер
- 200 мл павлака за готвење
- 100 мл млеко
- 1 мала лажичка сенф
- 2 чешниња лук (ситно сечкани)
- 1 лажичка сушен магдонос
Подготовка:
- Свинските шницли исчукајте ги малку и зачинете ги со сол, бибер и сув зачин.
- Извалкајте ги во брашно за да добијат убава кора при пржењето.
- Загрејте масло и путер во тава и пржете ги шницлите по 3-4 минути од секоја страна, додека не добијат златна боја. Извадете ги и ставете ги на страна.
- Во истата тава додајте ситно сечкан лук и пропржете кратко. Додајте павлака за готвење, млеко и сенф, и мешајте додека сосот не стане мазен.
- Вратете ги шницлите во сосот, намалете ја температурата и оставете ги да се динстаат 10-тина минути.
- На крај, додајте магдонос и сервирајте топло со пире или ориз.
✨ Брзо, лесно и превкусно! 😍




