Храна и пијалоци
Појадок што мириса на Медитеранот: Лиснати ролнички со маслинки што исчезнуваат за 5 минути
Кога сакате брз, ароматичен и посен појадок, овие полнети лиснати ролнички со маслинки и медитерански зачини се вистинскиот избор. Се подготвуваат за само 20 минути, а комбинацијата од маслинки, доматно пире или кечап, оригано, босилек и лук создава богат вкус што потсетува на медитеранската кујна.
Ролничките се крцкави однадвор, а меки и сочни одвнатре, па се идеални за време на пости, за појадок, ужина или лесна вечера. Мирисот што ќе се рашири од рерната ќе ве потсети на свежо печиво од пекара, а рецептот е толку едноставен што ќе сакате да го правите повторно и повторно.
🥐 Највкусен рецепт за лиснати ролнички со маслинки
Потребни состојки
1 пакување лиснато тесто (околу 400 г)
120–150 г маслинки (црни или зелени), ситно сечкани
2–3 лажици доматно пире или кечап
2 лажици маслиново масло
1 чешне лук (ситно сечкан или во прав)
1 мала лажичка оригано
½ мала лажичка сув босилек
малку бибер
сусам или семки по желба
Подготовка
Лиснатото тесто оставете го да се одмрзне и омекне, па развлечете го на рамна површина. Во мал сад измешајте ги маслинките, доматното пире или кечапот, маслиновото масло, лукот и медитеранските зачини – оригано и босилек. Оваа ароматична смеса ќе му даде на рецептот богат и интензивен вкус.


