Зошто е потребно да се консумира млеко?
Млекото е есенцијална состојка за здрав раст и развој на децата но, исто така, рамноправно учествува и во воспоставувањето баланс во исхраната на возрасните. Калциумот од млекото е неопходен за мускулната функција и правилен и цврст развој на коските. Дури до 75% од потребниот калциум го добиваме преку млекото и млечните производи.
Додека пак, внесот на протеини во организмот е од исклучителна важност особено за растот и развојот, но и за обновувањето на клетките и регулацијата на имуниот систем. Млекото се смета како „целосен протеин“ односно ги содржи сите 9 есенцијални аминокиселини потребни за телото да функционира на оптимално ниво.
Со консумирањето млеко се поврзуваат здравите коски поради моќната комбинација на хранливи материи, како калциум, фосфор, калиум, витамин К2 како и протеини кои тоа ги содржи. Консумацијата на млеко може да спречи коскени заболувања како што е остеопорозата, па затоа и е важно да биде дел од секојдневната исхрана.




