Занимливости
Хрватска прогласена за светска туристичка дестинација за 2016 година
Американското списание за туризам „Travel and Leisure“ (T+L) ја прогласи Хрватска за светска дестинација на годината, откако земјата доби најголем број гласови од читателите, кои гласаа онлајн.
Хрватска освоила 28 проценти од гласовите, а на второ место со 24 отсто од гласовите е Португалија. Но, Португалија е прва според изборот на редакцијата на „T+L“.
За светска дестинација годинава беа номинирани Портланд, Хаваи, Париз, Нов Зеланд, Исланд и Рио де Женеиро.




