Занимливости
И ТОА Е МОЖНО: Родено првото бебе со тројца родители
Со новата медицинска техника, на свет дојде првото бебе со тројца родители.
„Њу сајентист“ јави дека момчето има вообичаена ДНК на таткото и мајката со малку количество на генетски код на донаторот. Американските лекари го презедоа овој несекојдневен чекор со цел бебето да не ја добие генетската состојба која ја има мајката, по потекло од Јордан.
Експертите наведуваат дека ова е потег е „гласник на новата ера во медицината“, кој би можел да помогне на голем број семејства со генетско нарушување. Исто така, се предупредува дека се потребни ригорозни проверки на новата и контраверзна технологија, наречена митохондриска донација.




