Ви препорачуваме
Се отвори „Парк“ – нов луксузен хотел во центарот на главниот град (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Главниот град добива ново уникатно монденско одбележје. Сместен во срцето на Скопје, од денес новиот Парк Хотел и Спа ги отвора вратите за сите со префинет вкус и желба за уникатни искуства. Парк хотелот е единствен луксузен хотел во земјава кој е уреден со внимателни уникатни дизајнерски решенија кои се посебно осмислени за секој квадрат од хотелот.
Парк Хотел и Спа-Скопје е најновата инвестиција на домашната компанија Гемак трејд која годинава одбележува 25 години од своето основање и успешно работење во Македонија и регионот. Вкупната инвестиција во изградба на хотелот и хотелскиот комплекс изнесува околу 15 милиони евра.
Локацијата на Парк Хотел и Спа е дополнителен адут. Сместен е во градскиот парк во Скопје, до брегот на реката Вардар, со што на посетителите им овозможува да бидат опкружени во природна средина, а сепак да се блиску до центарот на градот. Оваа локација има и посебна симболика за сопственикот на Гемак, Енвер Малиќи.






