Магазин
Џибути сака да прерасне во „нов Дубаи“
Малата африканска држава Џибути изработи амбициозен план „Џибути 2035“, што оваа земја треба да ја направи многу слична на Дубаи.
Џибути, кој се граничи со Сомалија, Етиопија и Еритреја, до 1977 година беше француска колонија и имаше само едно средно училиште, една улица и двајца лекари.
Меѓутоа, од седумдесетитите години на минатиот век Џибути ја искористи својата стратешка позиција и комерцијално значење на близината на остатокот од Африка, Блискиот исток и Индија.




