Занимливости
Индиец веќе 40 години живее со крената десна рака (ВИДЕО)
Индиецот Амар Барати повеќе од 40 години ја држи својата десна рака постојано крената, а причина за тоа е духовноста.
Тој се одрекол од земските секојдневни удобности за да го посвети својот живот на хиндуистичкиот бог Шива (или божица, зависно од тоа во кој дел од Индија се наоѓате).
Мускулите на раката му се целосно атрофирани, а ноктите му се огромни и подвиткани. Сепак, неговата посветеност стана симбол на верата, па тој послужи како пример и за други хиндуистички монаси.




