Занимливости
ИНТЕРЕСНО: Последната минута во јуни ќе трае 61 секунда
Последната минута од месец јуни 2015 година ќе трае 61 секунда. Овој исклучок се објаснува со неправилната ротација на Земјата, која е многу помалку прецизна од од атомските часовници, кои го мерат времето на човекот.
Во сите земји во светот, во ноќта на 30 јуни – 1 јули на “Координирано Универзално Време” UTC (GMT како често се нарекува позастарен начин), минута помеѓу 0:00-11:59 ќе трае за една секунда подолго од нормалното. Во Франција, втората “интеркалација” ќе се лизга меѓу 01:59 и 02:00 минути на 1 јули, јавува допсиникот на МИА од Париз.
Обичните луѓе нема да ја забележат разликата. “Но, ако тие се многу загрижени, тие секогаш можат да ги наместат стрелките (бројките) на нивните часовник со точното време, ако се јават на часовникот кој зборува“ – изјави Даниел Гамбис, директор на оддел задолженз а следење ротација на Земјата, и одговорен да одлучи на меѓународно ниво за додавање на овие додатни секунди.




