Занимливости
Ирски фудбалер доби милион евра на лото
Ирскиот фудбалер Кевин О`Конор (22), инаку дефанзивец во англискиот второлигаш Престон, освои милион евра на новогодишна лотарија.
О`Конор наградата ја доби играјќи на Националната лотарија на Ирска. Добитниот лоз му го купил неговиот вујко како подарок за католичкиот Божик. Лозот е купен во Вексфорд, а О’Конор првично, доскоро не ни знаел дека е добитник.
– Мајка ми ми побара да и го фотографирам ливчето, оти победникот бил од нашиот крај. Не ни помислив дека е моето победничкото. Не ми се верува дека ја добив наградата, изјави О’Конор за британските медиуми.




