Магазин
КАДЕ ОВА ЛЕТО: Пелопонез е новата хит-дестинација за 2016
Според препорака на еден од најпознатите британски портали што се занимаваат со туристички патувања – „Лоунли планет“, туристите годинава задолжително треба да се упатат кон Пелопонез.
Овој популарен портал Пелопонез го опишува како „прифатлива енклава богата со запрепастувачки антички знаменитости, како Олимпија, Микена и Мистра“, а неодамна отворената патека на планинскиот масив Меналон овозможува нов начин за истражување на целата област.
На листата се најдоа и некои помалку популарни и очекувани дестинации, како Лавов во Украина и Екстремадура во Шпанија.




