Патувања
Туристичка такса за еднодневни посетители: Нов тренд на грчките острови?
Малите, но сè попопуларни грчки острови Пакси и Итака би можеле наскоро да воведат посебна туристичка такса за еднодневни посети, како дел од иницијативите за справување со зголемениот притисок од масовниот туризам. Идејата е инспирирана од сличен предлог поднесен од општината на островот Сими, кој веќе се обрати до надлежните власти со барање за воведување таков модел.
Како што информира грчкиот весник Катимерини, градоначалниците на Пакси и Итака го следат исходот од иницијативата на Сими, пред да донесат сопствени одлуки.
Градоначалникот на Пакси, Спиридон Влахопулос, изјави дека доколку Министерството за внатрешни работи даде зелено светло, подготвен е ова прашање да го постави пред локалниот совет и официјално да се разгледа можноста. Од Итака, пак, градоначалникот Дионисис Станицас истакна дека по завршување на туристичката сезона ќе се направи проценка дали е потребно воведување на такса.




