Љубов
Како да реагиратe на првата љубов од градинка
Децата првпат се заљубуваат на пет или шест години од животот, велат експертите. Важно е родителите на време да ги забележат знаците на љубов, затоа што детето најверојатно нема да сака да зборува за тоа, но важно е тоа да го прифати како нормален дел од растењето. Еве како можете да ги „откриете“ симпатиите во градинка.
Детето се насмевнува веднаш кога ќе се спомне името на симпатијата, наеднаш се интересира за романтични сцени во цртаните филмови, си игра „семејство“.
Ако забележите дека разговара само со едно другарче, односно другарка или во градинката не се оддалечува до тоа дете време е родителите да постават прашања од типот: „Гледам дека секогаш си со Никола, дали се чувствуваш некако поинаку кога сте заедно“.



